сабота, 27 јули 2024
„Росонерите“ сметаат дека се оштетени

Спорен момент во финишот од мечот, Калабрија до судијата: Играме на Сан Сиро, ова е пенал!

Објавено на

часот

Сподели

Милан вчера со 1-0 го совлада Наполи во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но домаќините сметаат дека победата можела да биде поубедлива, во финишот од мечот требале да добијат пенал за стартот на Лоботка врз Салемакерс.

Како што пренесуваат медиумите, капитенот Давиде Калабрија имал дискусија со судијата Иштван Ковач и му порачал: „Играме на Сан Сиро, ова е пенал“.

Дефанзивецот заработи жолт картон по последниот свиреж и во разговор со Амазон Прајм, објасни што се случувало на теренот.

„Судијата постојано ме викаше мене и Ди Лоренцо бидејќи имаше проблем со ВАР, видео технологијата не работеше, па работеше… Побарав објаснување и четвртиот судија ме турна“ – вели Давиде Калабрија.

„Не ми е јасно зошто не ми беше дозволено да разговарам, јас сум капитенот. Дури добив и жолт картон, навистина глупав жолт картон. Доколку јас не можам да разговарам со судијата како капитен, кој друг може?“

„Видите, не сакам да зборувам на оваа тема повеќе, нема поента“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ