среда, 15 јануари 2025

Според ОЛАФ, Македонија е шампион во злоупотребата на ЕУ фондовите

Објавено на

часот

Сподели

ОЛАФ, како европска служба одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички, во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со користењето на европските фондови.

Детали за конкретните истраги не се објавени. Она што се потенцира е дека во Македонија биле отворени четири истраги, а три се затворени со соодветни препораки.

Во Србија ОЛАФ отвори девет истраги, од кои четири се затворени и веќе биле испратени и препораките. Во Босна и Херцеговина и Косово отворени биле по три истраги, во Албанија две истраги, а Црна Гора е со само една отворена истрага.

Истрагите на ОЛАФ често завршуваат само со препораки до земјата корисничка на фондовите и со враќање на украдените пари. Дел од истрагите завршуваат и со предавање на целиот материјал на истражните органи од земјата каде што биле утврдени неправилностите.

Од земјите членки на ЕУ, во овој период од пет години најголем број отворени истраги има за Италија, Полска и Унгарија за злоупотреба на земјоделски фондови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ