петок, 3 јануари 2025

Според обложувачниците, Трамп има значително поголеми шанси да победи на изборите

Осум дена пред претседателските избори во Америка, кандидатката на Демократската партија Камала Харис и кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп се речиси изедначени во анкетите, но обложувачниците значително поголеми шанси за победа му даваат на поранешниот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп го презеде водството во обложувачниците во почетокот на октомври и оттогаш неговата предност речиси континуирано расте.

Така, во Бет онлајн соодносот меѓу Трамп и Харис сега е 63 – 36 проценти, во Бетфер 58 – 37, во Бетсон 61-40, во Бовада 64 – 36, во Бвин 61 – 41, во Поинтс бет 61 – 40, во Полимаркет 63 – 32 и во Смаркетс 58 – 38 проценти.

Пазарите за обложување и податоците од анкетите се два од најпопуларните методи за предвидување на исходот од изборите. И двете имаат предности и недостатоци, а нивното разбирање може да даде појасна слика за нивната сигурност, објаснува американската електронска берза на акции Насдак.

Пазарите за обложување имаат способност брзо да се приспособуваат. Тие можат брзо да реагираат на нови информации или настани, како што беше случајот во 2016 година, кога протекоа мејлови што сериозно ја компромитираа Хилари Клинтон.

Способноста за брзо приспособување е значајна предност, бидејќи им овозможува на пазарите за обложување да ги одразуваат моменталните перцепции на обложувачите.

Од друга страна, податоците од анкетата нудат различни предности. Анкетите можат да обезбедат поголем и поразновиден примерок, проверувајќи го мислењето од различни општествени групи, а не само од коцкарите. Нивната значајна предност е способноста да се фокусираат на одредени региони или демографија.

Анкетните податоци, сепак, имаат недостатоци, од кои еден од најзначајните е времето потребно за собирање и анализа на податоците. Тоа доцнење може да резултира со неусогласеност на анкетните податоци со моменталното расположение, кое брзо се менува.

Друг недостаток на анкетните податоци е можноста за промена на јавното мислење. Луѓето можат да се премислат од различни причини, така што нивната перцепција забележана во анкетата не мора нужно да се одрази на нивниот глас на денот на изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ