„49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, додека 45 отсто гласови би ѝ припаднале на Харис“, покажува анкетата.
Покрај тоа, три отсто анкетирани одговориле дека би гласале за друг кандидат, а два отсто се неодлучни.
Анкетата е спроведена од 8 до 15 август врз примерок од 1.885 веројатни гласачи во Соединетите Американски Држави.
Американските претседателски избори имаат две фази. Во првата фаза, гласачите во секоја држава гласаат за претседателските кандидати. Победничкиот кандидат ги добива сите електорски гласови на државата. Бројот на електори е еднаков на бројот на конгресни окрузи во државата, значи 538. Значи, поддршката од мнозинството од гласачите не ја гарантира победата на кандидатот.
На изборите во 2016 Хилари Клинтон доби речиси три милион и гласови повеќе од Трамп, но сепак изгуби затоа што нејзиниот противкандидат победи во пребројувањето на електорските гласови, 306 спрема 232.
Додека националните анкети даваат важни сигнали за поддршката на Американците на кандидатите, на односот на силите во американскиот изборен процес на крајот влијаат неколку клучни држави.
Американските претседателски избори ќе се одржат на 5 ноември.