четврток, 26 декември 2024

Според Муцунски, Османи и Груби незаконски го пратиле генералниот конзул во Њујорк

На предлог на министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски Владата одлучи да го врати Мухаби Синани од позицијата генерален конзул на државата во Њујорк, кој на оваа позиција беше испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава.

Објавено на

часот

Сподели

Синани на предлог на Бујар Османи, спротивно на законските прописи, само неколку месеци пред изборите, со потпис на Артан Груби, кој тогаш претседавал со владината седница, бил испратен на дипломатска мисија – генерален конзул во македонскиот конзулат во Њујорк.
Тогаш, Македонскиот дипломатски синдикат Диппломатскиот синдикат најостро реагираше бидејќи Синани не ги исполнуваше условите да биде упатен како генерален конзул од редот на професионални дипложати, согласно член 35а од Законот за надворешни работи. Во тоа време, тогашниот министер Бујар Османи тврдеше дека таква одредба не постои во законот бидејќи наводно истата била избришана. Османи тогаш реагираше дека станува збор за етничка дискриминација и нагласи дека изборот за Синани е согласно законот.
„Обично не го коментирам синдикатот бидејќи ги потикнувам да бидат што поактивни, што погласни во одбрана на правата на вработените. Но, многу сум осетлив кога во тоа гледам елементи на етничка дискриминација која што, веќе како се приближуваат изборите, добива вознемирувачки димензии и затоа мојата реакција беше жестока и ќе биде жестока“, изјави тогаш Османи.
Сепак, тука се поставува прашањето дали со испраќањето на Синани на позиција за која тој не не ги исполнувал условите е кривично дело направено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи и тогашниот втор човек на Владата, вицепремиерот Артан Груби кој ја потпишал одлуката за негово испраќање во Њујорк.
А.Д.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ