сабота, 27 јули 2024

Според косовски медиуми, Општина Тетово издаде решение за уривање на крстот на Попова Шапка

Шефот на општинскиот инспекторат во општина Тетово Седат Сулејмани изјави дека има решение за уривањето на крстот на Попова Шапка, но не знае кога ќе биде урнат, пренесува Телеграфи од Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Има одлука за уривање на крстот. Кога ќе се урива, не знам. Во Тетово има повеќе од 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа“, рече Сулејмани.

Тој денеска ја обвини градската полиција дека не ѝ помогнала на општината при отстранувањето на некои киосци од тротоарот.

Крстот на Попова Шапка е поставен во дворот на манастирот Свети Наум Чудотворец. Овој 15-метарски верски симбол предизвика меѓусебни обвинувања меѓу партиите на Албанците во Македонија кои се на општинска или централна власт.

Денеска портпаролката на Беса изјави дека ДУИ и неговите партнери го поставија крстот на Попова Шапка и се обидоа да го насочат овој потег кон нејзината партија. „Но, тоа не успеа, затоа што со документи е докажано како ДУИ во соработка со Православната црква, сегашниот имот на црквата, од државно пасиште, го пренамени на градежното земјиште, по што беше изграден крстот“, изјави портпаролката на Беса, Љуљзиме Амети покажувајќи документи. Таа рече дека власта и ДУИ прават само злосторства со народот со манипулации, дезинформации и поигрување со етничките и религиозните чувства на граѓаните.

„За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали каде било во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој дал дозвола. Крстот е верско обележје. Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? Ете, на Попова Шапка такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно Советот“?“, реагираше тогаш на Фејсбук, Даријан Сотировски, претседател на Комисијата за верски заедници. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ