„По сослушувањето, во текот на кое изнел детали за својата шпионска и субверзивна дејност во нашата земја, а по налог и за хрватската разузнавачко-безбедносна служба СОА, одреден му е притвор од 30 дена“, пишува Новости.
Во понеделникот српски медиуми објавија дека власти во регионот на Белград уапсиле хрватски шпион, што подоцна го потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Хрватските власти, пак, тврдат дека не знаат кој е шпионот и дали некој воопшто е уапсен.