вторник, 22 октомври 2024

Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во Ваташа ќе биде отворена секој ден

Објавено на

часот

Сподели

Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во село Ваташа е споменик на културата заштитена со Закон за заштита на спомениците на културата. Од 1958 година е прогласена за  меморијален Спомен музеј. Истата е реновирана во 1976 година, за официјално да биде отворена за посетители во 1977година. Оттогаш па сé до денес се направени неколку заштитни интервенции, при што секогаш се настојувало да се зачува автентичниот изглед на куќата, соопштија од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму потсетија дека во Спомен куќата има постојана историска – тематска поставка посветена на животниот пат и револуционерното дело на овој наш истакнат борец и револуционер. Има збирка на фотографии, документи, дописни картички, скици и цртежи кои Страшо Пинџур ги направил за време на своето школување.

„За продолжување и збогатување на  промоција, презентација и афирмација на ликот и делото на народниот херој Страшо Пинџур, спомен куќата на револуционерот кој се бореше за слободна и независна Македонија, ќе работи секој работен ден од 9  до 16 часот. За дополнителните посети и во викенд, Локален музеј галерија Кавадарци ќе организира историски час за посетители, туристи и слично“, информираа од кабинетот на Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ