понеделник, 20 јануари 2025

Спогодбата на Македонија со Швајцарија од 1996 година добра подлога за можната судска разврска на случајот со рудникот Иловица   

Објавено на

часот

Сподели

Во неколку последователни соопштенија канадската компанија Еуромакс рисорсис предупредува на можна судска разврска на овој случај во кој оштетата може да дојде и до 1 милијарда евра. Нивните правни експерти брифираат дека основата за евентуалниот таков спор би бил токму тој билатерален договор меѓу Македонија и Швајцарија.

„Согласно член 10 став 1 од билатералната спогодба, кога ќе настане спор меѓу заштитените инвеститори и Република Северна Македонија, ќе се одржат активни консултации меѓу засегнатите  страни со цел спорот да се реши на „пријателски начин“. Понатаму, доколку консултациите не  резултираат со решавање на административниот спор, спогодбата предвидува дека инвеститорот  може да поднесе барање за решавање на спорот до Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) или Ад-хок судот воспоставен во согласност со арбитражните  правила на Комисијата за меѓународно трговско право на Обединетите Нации (UNCITRAL). Овој механизам за решавање на спорови, како што е утврдено во член 10 од билатералната спогодба, е  договорен за страните во спорот да имаат можност да ги решат своите разлики по пат на  преговори, наместо скапи и долготрајни меѓународни процеси. Еуромакс Ресоурсес трпеливо даде  можност во нормална, но за жал долготрајна судска постапка пред управните судови во  Македонија, да се дојде до легитимно правно решение“, велат од Еуромакс рисорсис.

Од компанијата велат дека Владата веќе била повикана на консултации за „пријателски начин“ на решавање на спорот за да се дојде до спогодба. Било доставено „формално известување“ уште во март  2020 година и дека ваквото известување е последен формален и правен чекор пред  отпочнување на арбитражната постапка. Но, до консултации не дошлом брифираат од Еуромакс рисорсис. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ