сабота, 27 јули 2024

СПМ: Пендаровски нема знаење, Сиљановска Давкова има капацитет за претседател

Социјалистичката партија на Македонија ги оценува настапите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во тековната кампања како зајадливи, некреативни и несоодветни.

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо да нуди програми и правци за развој на државата Пендаровски си дебатира за маргинални нешта сведени на обични малограѓански теми. Се друго кај него е да се каже нешто и да се остане на слоганот ‘како до сега’ зошто инвентивноста е загубена и нема нови понуди. Оттаму кавадаречкото оро претставува врв во неговата немоќ да се обрати на граѓаните со дилжна сериозност и почит. Немањето на капацитет и иницијативност го прави Пендаровски подреден под желбите за крадење и корупција на СДС, неговиот ментор, кои дури не го кријат тоа, а бараат мандат од граѓаните. Во односите со други држави тој ја покажува својата подреденост и со тоа ги намалува можностите на Македонија ја меѓународна афирмација и евроинтеграција. Наместо ферплеј и почитување во меѓусебниот натпревар на кандидатите за претседател, Пендаровски го спушта нивото на дебата и со тоа ги покажува манирите кои не треба да ги има еден претседател“ реагираат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека непочитувањето на другите, незнаењето и менување на ставовите го прави Пендаровски несоодветен за функцијата и улогата што ја бара.

СПМ истакнува дека треба да се избере кандидатката на Коалицијата „Твоја Македонија“, Горана Сиљановска Давкова која, како што велат единствено има капацитет и знаење за успешен претседател на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ