сабота, 27 јули 2024

СПМ: Ковачевски и сите околу него се најголемата пречка за интензивирање на евроинтегративниот процес

Објавено на

часот

Сподели

„Ретроградната природа на власта со сите криминали и корупции на Македонија не и носи ништо добро, освен интензивирање на притисоците и политичката пресметка со опозицијата за прифаќање на уставните измени, како единствена надеж за задржување на Владата за краток период.

Ние сме против наметнатите промени на Уставот. Затоа етикетирањето и насилното условување и притискање кон пратениците е неприфатливо, за што жестоко предупредуваме.
Постапката што Ковачевски и власта ја водат за промена на преамбулата на Уставот е спротивна на уставните и законските решенија. Затоа сѐ погласни се брањата од граѓаните кои во 80% се против овие насилнички измени, што СДС и ДУИ го игнорираат и не го гледаат затоа што работат против интересите на граѓаните.

Ковачевски и предавничката власт мора да си одат, затоа што работат спортивно на законите и отстапуваат од позициите на националните определби и интереси на македонскиот народ и граѓаните“, соопшти СПМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ