Натпреварот кој се играше во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ почна возбудливо. По фаул над Кехинде, Струга доби пенал, а Ибраими во осмата минута ја реализираше најстрогата казна за водство на домаќините од 1-0.
Струга како што поведе, така и прими гол. Беше досуден пенал на спротивната страна, Вилела реализираше од белата точка за Пјуник за израмнување на 1-1. Со тој резултат заврши првото полувреме.
Еден од најважните моменти се случи во 60. минута кога Вакуленко неспортски го удри Кехинде и заработи директен црвен картон. Пјуник остана со фудбалер помалку.
По тој момент Струга ги зачести нападите кон голот на гостите а таквата игра вроди со плод.
Во 73. минута Стефан Спировски со маестрален удар од далечина постигна гол за водство и победа на Струга од 2-1.
До крајот на мечот македонскиот шампион имаше уште неколку шанси да оствари и поуебдлива победа, но не успеа да даде и трет гол.
Реваншот во Ерменија е за шест дена.