сабота, 27 јули 2024

Спилберг станал мрачен по 11 септември

Објавено на

часот

Сподели

Стивен Спилберг, чиј најнов филм „Воениот коњ“ е приказна од Втората светска војна, ненамерно почнал да снима помрачни филмови по 11 септември. Тој изјави: „Тој ден многу ме смени. И моите филмови станаа помрачни по 11 септември. „Малцински извештај“ беше мрачен поглед кон иднината, и секако „Војна на световите“, кој беше директно поврзан со 11 септември. Тоа беше баш таква приказна. Не беше планиран како таков, но така излезе. Мислам дека светот има големо влијание врз боите на моите филмови. И мислам дека тоа е добар знак. Значи дека се менувам преку свесноста за тоа што се случува“.
Стивен призна и дека продолженијата на некои од неговите филмови не ги исполниле неговите високи стандарди.
Во изјава за БЕНГшоубиз, тој рече: „Моите продолженија никогаш не се подобри од оригиналите. Сè уште го немам снимено мојот „Кум 2“. „Кум 2“ е врвот. И уште немам стигнато таму. Публиката може да не се согласи со мене – многумина сметаат дека третиот „Индијана Џонс“ е најдобриот „Индијана Џонс“. Но јас мислам дека сè по „Ограбувачи на изгубената арка“ не беше толку добро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ