сабота, 18 јануари 2025

Спиење со или без перница

Додека некои уживаат да спијат на големи и меки или поцврсти и ортопедски перници, за некои перницата е излишна кога станува збор за добар сон и здравје.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во зависност од тоа како спиете, сосема е можно да уживате во спиењето без перница.

Поточно, ако сакате да спиете на стомак, спиењето без перница може да ви користи. Сепак, бидете внимателни, бидејќи, како што пренесува Хелтлајн, спиењето на стомак го става вашиот ‘рбет во неприродна положба.

Од друга страна, спиењето без перница може да ја држи главата во исправена положба, што може да го намали притисокот врз вратот.

Меѓутоа, ако спиете на грб или на страна, спиењето без перница може да направи повеќе штета отколку добро, па затоа најдобро е да користите перница за да го задржите ‘рбетот во неутрална положба.

Генерално, резултатите од истражувањето сè уште недостасуваат во оваа област, па затоа најдобро е да се консултирате со лекар пред да одлучите да спиете без перница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ