петок, 26 јули 2024

Спектакуларен меч на Бернабеу, Реал и Сити одиграа реми со шест голови (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Манчестер Сити одиграа неверојатен меч со шест голови и пресврти кој на крајот заврши нерешено 3-3, патникот во полуфиналето ќе се решава на Етихад.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна шокантно за Реал Мадрид, со гол на Бернардо Силва од слободен удар уште во втората минута Манчестер Сити поведе со 1-0.

Десет минути подоцна Реал Мадрид изедначи, Камавинга шутираше, топката се одби од Диаш и заврши во мрежата на Ортега за 1-1. Веќе во следниот напад кралскиот клуб преку Родриго направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.

Во 66. минута Фил Фоден постигна маестрален гол од далечина за израмнување на 2-2. Пет минути подоцна се случи нов пресврт, овојпат во полза на Сити, Гвардиол погоди за 2-3.

Течеше 79. минута кога по асистенција од Винисиус, Валверде со спектакуларен волеј погоди за конечни 3-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ