петок, 17 јануари 2025

Спејсекс лансираше ракета, леталото се распадна за време на искачувањето (ВИДЕО)

Спејсекс ја лансираше својата ракета Старшип за време на последниот пробен лет, но неколку минути подоцна таа се распадна во експлозија, соопшти утрово компанијата на Илон Маск.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Контактот со леталото е изгубен осум и пол минути по лансирањето.

„Старшип имаше непланирано распаѓање за време на искачувањето“, соопшти Спејсекс.

Компанијата додаде дека нејзините тимови ќе ги прегледаат податоците од тестот за подобро да ја разберат причината за несреќата.

Илон Маск објави на социјалната мрежа Икс дека прелиминарните анализи покажуваат дека истекување на гориво можеби создало притисок во шуплината над преградата на моторот.

„Успехот е неизвесен, но забавата е загарантирана!“, напиша Маск, споделувајќи видео на кое се гледа трага од оган на небото.

Пробниот лет требаше да биде демонстрација на успехот за Спејсекс, неколку часа откако вселенската компанија на основачот на Амазон, Џеф Безос, го направи својот прв лет во орбитата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ