петок, 18 октомври 2024
Карван „Здравје за сите“

Специјалистите од клиниката „Жан Митрев“ во Виница

Објавено на

часот

Сподели

Клиниката „Жан Митрев“ го почна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите ќе се прави и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.

Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу клиниката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации. Карванот ќе ги посети сите оние места и градови каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен. Во следниот период ќе ги посети и Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ