петок, 18 октомври 2024
Серија А

Специја го фрли Милан на колена, „росонерите“ се подалеку од Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Милан направи чекор назад во битката за топ четири пласман и место во Лигата на шампиони, „росонерите“ вечерва загубија на гостувањето кај Специја.

Пиоли на ум го имаше реваншот против Интер, направи доста измени во составот, но ризикот кој го превзеде на крајот не му се исплатеше, иако може да се каже и дека гостите немаа и среќа откако во два наврати ја погодија рамката од голот.

Специја поведе во 75. минута кога по еден корнер Амини ја погоди пречката а Вишневски прв стигна до одбиената топка и донесе 1-0.

Точка на натпреварот стави младиот Еспозито, кој во 85. минута прекрасно погоди во аголот од слободен удар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ