сабота, 21 декември 2024
Сè уште гори огнот

Специјално противпожарно армиско возило ќе го гаси големиот пожар во Чаир

Пожарот што ноќеска избувна во зграда во скопски Чаир е сè уште активен. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека гасењето на пожарот е отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите на зградата во кои, како што додаваат оттаму, била складирана поголема количина запаливи материјали. Во гасењето на пожарот ќе се вклучи специјално противпожарно возило на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

Легени, кофи, пластични чинии, чаши, играчки, саксии… сè уште горат во огромниот магацински простор, очигледно на диво сместен во подрумските простории од зградата на улицата „Серава“ во скопската Општина Чаир.

Запалената пластика предизвика многу високи температури кои предизвикаа сериозно оштетување на бетонската конструкција на зградата, а тоа значи дека е нарушена и статиката на целата зграда.

Како што дознава МКД.мк рано утрово во подрумските простории на оваа зграда гореше пластична стока донесена во четири бродски контејнери. Подрумите на оваа зграда веќе подолго време биле користени како магацин на голема компанија од Пластичарската улица во Скопје.

Како што веќе објавивме, вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

Пожарот во скопски Чаир бил пријавен ноќеска во 1:50 часот. Според информациите од полицијата, пожарот избувнал во подрумски простории во зграда, а биле зафатени и дуќани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ