Портпаролката на Белата куќа Керлојан Левит изјави вчера дека Виткоф ќе ја посети Москва за да ја убеди руската страна да го потпише договорот за прекин на војната во Украина.
Истовремено, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека не смее да се заборави дека никакви преговори за Украина уште не се почнати.
Тој оддаде дека Русија ќе го одреди својот став за решавање на ситуацијата откако од претставникот на Соединетите Американски Држави ќе добие информација за состанокот на делегациите на Вашингтон и Киев во Саудиска Арабија.