сабота, 27 јули 2024
Со службен џип на Армијата биле донесени до нивното возило

Спасувачка мисија на Водно: Жена со две мали деца останала во мрак, ја пропуштиле жичницата

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш било стапено во контакт со одговорното лице од ЈСП Скопје и е добиена информација дека жичарата веќе е затворена и дека не може повторно да се активира.

„Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. Согласно ситуацијата, а и можности за помош, по куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје“, велат од ЦУК.

Со службен џип на Армијата, којшто бил во околината, тие биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно.

По 21.00 часот од страна на жената со двете дечиња е добиена информација во ЦУК дека истата безбедно е веќе во нејзиното возило со двете дечиња и дека возејќи се спушта надолу кон својот дом во градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ