сабота, 27 јули 2024
Дел од изјавата на министерот

Спасовски реагира кон Мицкоски: Политиканството уште еднаш ги убива жртвите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска, одговарајќи на новинарски прашања, реагираше кон синоќешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски кој оцени дека истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жешовски е задоцнета и со пропусти. Спасовски рече дека таквите изјави „уште еднаш ги убиваат жртвите“, а во однос на извршените убиства даде и коментар за „радикалните криминални гнезда“.

Објавено на

часот

Сподели

„Политиканството во вакви случаи на убиства уште еднаш ги убива жртвите. Тоа не е добро и нема никаква цена која може да биде оправдана од ваков вид. Тоа се политиканства од најдолен вид кои ги преземаат такви екстремни десничарски кругови. Не посакувам да се впуштаме сите во политиканство, туку да се работи сериозно, до крај да се проширува истрагата, да се откријат сите факти и докази.

Сите тие криминални радикални гнезда, како што истакнав, мора да бидат разоткриени и целосно уништени. Затоа што хранењето на мотивите на такви луѓе може да предизвика сериозни последици”, порача министерот Спасовски.

Притоа, тој рече дека се испитуваат сите комуникации на осомничените лица и лица надвор од таа група.

„Секако дека се испитуваат и многу видови комуникации кои биле изминатиот период, и со осомничените и со лица надвор од оваа група. Сметам дека ќе се дадат и многу други одговори во однос на конекциите. Тоа е важно за истрагата, за тие радикални структури да бидат целосно разбиени”, истакна Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ