„Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, и секако дека Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и на основа на тоа да задолжи соодветни институции за спроведување на законот и да се проверат сите факти и аргументи, изјави Спасовски, на новинарско прашање дали МВР ќе провери како Дрин Ахмети се стекнал со 39 проценти од Соравиа.
Спасовски во коментар за најавениот собир во организација на МПЦ-ОА во знак на протест од предложениот закон за родова еднаквост, посочи дека законот се уште не е влезен во владина процедура и оти треба да се отвори широк дијалог.
„Сметам дека треба да се отвори широк дијалог во однос на овој закон, и на крајот да ги постигнеме очекувањата на општеството. Кога ќе се затвори целосната дебата, тогаш законското решение може да оди во владина и во собраниска процедура“, рече Спасовски.