сабота, 27 јули 2024
Министерот во посета на СВР Куманово

Спасовски ќе каже кога ќе дојде моментот дали ќе се кандидира за претседател, на Мицкоски му посака долг живот

По посетата на СВР Куманово и по изјавата за што е разговарано, на новинарски прашања министерот за внатрешни работи одговараше штуро. На прашањето дали ќе се кандидира за претседател на Македонија, рече дека е тоа партиска работа која не е отворена и дека кога ќе дојде моментот ќе го каже својот став. На прашањето што ќе му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој му порача дека нема да има мир додека е жив, Спасовски му порача на Мицкоски долг живот. На прашањата во врска со двојното убиство министерот не даде ниту еден конкретен одговор велејќи дека истрагата е во рацете на обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

Што се случувало и каде било возилото цитроен од моментот кога е одземено од убиениот Панче Жежовски до моментот кога е користено на 27 ноември, Спасовски рече дека сите детали се разгледуваат во обвинителството врз основа на прибраните докази и доказите што ќе бидат собрани.

Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени. Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, рече Спасовски.

Што се однесува за информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата за двојното убиство дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да ѝ попречат на истрагата, Спасовски рече дека во овој период јавноста се изнаслуша на многу информации, шпекулации, политиканства и дека тоа не треба да се дозволи и ќе биде предмет на истрага доколку таков случај постои.

д

Во врска со разните изјави досега дадени, како и информации за случајот со двојното убиство коишто можат да бидат во полза на првоосомничениот Љупчо Палевски да не се екстрадира од Турција, Спасовски рече дека токму и претходното го кажал во оваа насока и како што вели, кога е во истрага сите шпекулации и се што ќе се изнесе во јавноста само може да штети на истрагата. 

Во својата изјава поврзана со посетата на СВР Куманово, министерот рече дека се споделени информации и податоци според кои во десет месеци од годинава има намалување за 12 проценти на криминалот на територијата на секретаријатот. Позитивни се и податоците, според него, за состојбите на територијата на СВР Тетово, каде што исто така тој беше во посета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ