Илјадници лета низ историјата, пишува, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово.
Постои верување дека Светиот Оган за првпат се појавил на 5 април во 33 г.н.е, точно во времето на Воскресението Христово.
„Денеска Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е исполнета со илјадници православни верници, кои Благодатниот Оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат дома“, напиша Спасовски.