Обвинителот во своите завршни зборови истакна дека е докажано оти Спасов е виновен и дека кога се случило убиството, не бил на служба. Поради тоа Судот побара Спасов да биде осуден за убиство. И застапникот на семејството Нешковски побара Спасов да биде осуден за убиство.
Судењето продолжува со завршните зборови на Спасов и на неговиот адвокат.
Според обвинението, Спасов на 6 јуни на плоштадот Македонија го убил Мартин Нешковски, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот предизвика голем интерес во јавноста, а речиси цел месец по убиството на улиците во главниот град се протестираше против полициската бруталност.