сабота, 27 јули 2024

Спас за Маврово: Буџетот на општината според политичките, а не реалните проблеми

Советот на Општината Маврово Ростуше го усвои буџетот за 2024 година во кој предност се дава на уредување на улици со бекатон и реконструкција на улица и паркинг (с.Скудриње) и реконструкција на улица и изградба на паркинг (с.Ростуше), а не на решавање на проблемот со водата за пиење во викенд населбата Леуново и другите населени места околу Мавровското Езеро., се вели во реакцијата на здружението Спас за Маврово. 

Објавено на

часот

Сподели

„За улица и паркинг во село Скудриње планирани се 353.000 евра, за улица и паркинг во село Ростуше 100.000 евра, а за реконструкција на водоводната мрежа во населбата Леуново, каде што е алармантно, само 33.000 евра.
И според природните закони, а и според Законот за локална самоуправа приоритет треба да биде водата. Но, тоа не е за актуелното раководство на општината. Нивните приоритети, сега пред избори се придобивање на гласачи, а не решавање на горливите проблеми.
Ова континуирано запоставување на мавровскиот регион почна со спојувањето на Општината Маврово кон Општината Ростуше, а со тоа се уништува Маврово како туристички центар.
Од градоначалникот Медат Куртовски бараме, барем пред крајот на својот мандат да почне да ги решава акутните проблеми на жителите во Општината Маврово Ростуше, а не да ја крои својата секојдневна работа според нечии бизнис и политички интереси“, се вели во реакцијата на здружението за заштита на животната средина Спас за Маврово.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ