сабота, 27 јули 2024
Македонскиот фудбалер играше на нова позиција

Спалети го испофали Елмас за новата улога како центарфор

Објавено на

часот

Сподели

Јасно беше дека на Наполи многу му недостига незадржливиот Осимен, но наполитанците направија многу шанси, ама не дадоа барем гол за да останат непоразени во Милано и сега идниот вторник на свој терен ќе бркаат негатива од еден гол во реваншот со Милан за пласман во полуфинале во Лигата на шампионите.

И Спалети по мечот, истакна дека Елмас бил одличен како центарфор поради – дефанзивата!

„Со вистински напаѓач можеби ќе имавме и повеќе шанси, ама Елмас беше тој што ги тераше да грешат во зачетокот на акциите. Поради него прелесно ја добивавме топката при билд-апот на акциите. Би рекол дека со Елиф може имавме и помалку шанси отколку со напаѓач, ама затоа тој ги притисна и ги форсираше да немаат чиста игра, на што потоа ние ја градевме нашата игра кон противничкиот гол. Од Елиф добивме константен и балансиран притисок. Сега шансите Осимен да го имаме за реваншот се веќе сто отсто, а фактот дека го сочувавме ни овозможува дополнителна работа со лекарите за да биде максимално фит за пет дена“, рече Спалети.

Тој посочи дека не жали за ништо од синоќешниот меч, зашто фудбалерите го имале вистинскиот пристап и одиграле максимално.

„Не жалам за ништо, ќе ги видиме ситуациите, ќе анализираме, но сѐ е тоа посветено за веќе следниот меч што нѐ чека. Имавме вистински пристап, момците се извонредни, вистински професионалци, максимално даваат сѐ од себе. И јас им честитам за настапот. Ние игравме и сакавме да победиме, но имаме и противник кој е шампион сѐ уште и не секогаш успевате во тоа што го сакате и сте го зацртале“.

„Овој двомеч има многу пресврти, ќе има и на реваншот, не можете ништо да предвидите. Јас Ангиса сакав да го извадам минута пред исклучувањето, ако го направев тоа, ќе беше нешто поинаку, но не го сторив. Не смееме енергијата да ја губиме на други работи. Двомечот е отворен, Милан е во предност со овој гол, им носи некаква предност во подготовката за мечот, но нас тоа не нѐ интересира. Видов многу добри работи што сакав да ги видам и ќе видиме што ќе биде идната недела“, додаде Спалети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ