Порталот Рејдар онлајн известува дека Спајс грлс наводно повторно ќе се качат на сцена на Олимписките игри годинава во Лондон. „Мел Би и Ема Бантон се согласија, но работата ја кочи Викторија Бекам“, тврди нивниот извор. „На неа ѝ се случуваат многу работи во моментов… и таа не се согласува со ова – сè уште!“
Повторното обединување би било дел од промоцијата на претстојниот мјузикл на Спајс грлс, Вива форевер, на авторката Џенифер Сондерс. „Девојките се толку многу возбудени поради нивниот мјузикл“, вели изворот на Рејдар онлајн. „Многу им се допаѓа сценариото на Џенифер Сондерс. Тоа ќе биде првпат такво нешто да биде претставено на сцена“.