сабота, 27 јули 2024

СОЗР: Нашите вработени беа логистика на меѓувладината седница во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Службата за општи и заеднички работи на Владатагидемантира информациите објавени во дел од медиумите за наводното прикривање на вработени лица во СОЗР како новинари при посетата во Софија заради одржувањето на заедничката седница на македонската и на бугарската влада.

Шесте вработени лица во СОЗР при посетата во Бугарија присуствуваа заради извршување на работни задачи – организација и поддршка на активностите на нашата делегација, во која беа и медиумски претставници, на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија.

Согласно заклучокот од 4-та седница на Владата одржана на 20 јануари, Службата е задолжена да ги преземе сите потребни активности и координација во врска со сместувањето и превозот на новинарите кои ќе присуствуваат/известуваат на заедничката седница помеѓу владите, која се одржа на 25 јануари“, се вели во реакцијата на СОЗР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ