понеделник, 9 декември 2024

„Современа скулптура” – изложба на ДЛУМ

Објавено на

часот

Сподели

На изложбата ќе учествуваат 12 уметници: Ангел Димовски-Чауш, Димитар Филиповски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела Јанковска, Ненад Тонкин, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски и Слободан Милошевски.

Годинава добитник на наградата „Боро Митриќевски” за најдобра скулптура е Ангел Димовски-Чауш за делото „Танчарката на Дионис VII”. Наградата секоја година ја доделува семејството Митриќевски и, како нејзин покровител, на изложбата ќе биде поставено и дело на Боро Митриќевски, доајен на современата скулптура.

„Ќе забележиме класична употреба на материјали во процесот на лиење (бронза, алуминиум), обликување на метал (инокс), комбинирани техники во метал, обработка на мермер и дрво, но и успешни идеи низ еколошки пристап на рециклирање на материјали сè до остварување на концептот…“, соопшти ДЛУМ  за изложбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ