четврток, 18 април 2024

Во клиника Жан Митрев современ ергоспирометриски тест за работата на срцето во корелација со белите дробови

Во клиниката „Жан Митрев“ се прави современ кардио-пулмонален стрес тест (СРЕТ) или ергоспирометриски тест со кој се мери работата на срцето во корелација со белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, при ергоспирометријата на пациентот му е поставена дополнителна апаратура што мери и други показатели на здравствената состојба. Таа опфаќа апарат за мерење на крвниот притисок, електроди за правење ЕКГ (електрокардиограм) со кои се регистрира срцевата акција, како и маска која е поставена на лицето и со помош на која се мери кислородната потрошувачка односно фреквенцијата и силината на дишење, колку често и колку длабоко пациентот вдишува и издишува.

Објавено на

часот

Сподели

Предноста на тестот е што наоѓа широка примена во современата медицина при проценка на здравствената состојба на пациенти со срцеви и белодробни состојби, но и кај спортисти при проценка на нивната кондиционираност.

 „Најчести причини каде е потребна ергоспирометријата е за одредување на причината за функционалните проблеми на срцето и белите дробови, при проценка на физичка подготвеност, односно максималното оптоварување кое може една личност да го толерира со цел да се направи план за тренирање по мерка на личноста која се тестира. Многу е потребна за проценка на ризик пред планирана хируршка процедура. Овој тест дава најрелевантна проценка на сериозноста односно тежината на срцевата слабост а клучна е за проценување на степенот на белодробните болести како ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест), белодробна васкуларна болест или цистична фиброза“, истакна доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина и субспецијалист по кардиологија во Клиника Жан Митрев за примената и потребата од правење на овој тест.

Ергоспирометријата е многу важна во проценката на физичката кондиционираност на еден спортист, бидејќи со анализата на добиените параметри од белодробието и срцевата акција, лекарот може да ја процени точно точката кога спортистот влегува во анаеробен (лактичен метаболизам). Со овој тест ние може точно да се каже до кое ниво е постигнато кондиционирање и согласно тоа спортистот да добие совети како да продолжи без да влезе во анаеробен метаболизам со прекумерниот физички напор. Специфична примена на овој тест, која е во честа употреба во развиените земји, е кај трудниците, со цел проценка на крвоснабдувањето на плодот во матката на бремената жена

Бенефитите од овој тест се големи и неговата примена во секојдневието е прилично широка.

„Индикационото подрачје за овој тест е доста широко, а примената на тестот за проценка на здравствената состојба на пациентите е веќе влезена во голем број медицински водичи за проценка на пациентите со срцева слабост и класификацијата дали еден пациент со слабо срце треба да се постави на листата за трансплантација или пак му е потребна механичка потпора на срцето. Секаде во светот, рехабилитацијата на срцевите болни ја изведуваат според измерените параметри од овој тест. Многу често се користи за проценка на ризик од кардиоваскуларни промени при тешки хируршки процедури, а исто така јасно може да се одреди причината на заморот и отежнатото дишење, т.е. дали е последица на претходно латентно срцево заболување или пак промени во структурата и функцијата на белите дробови“, дополнува доц. д-р Анѓушева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ