четврток, 26 декември 2024

Советот за соработка на Персискиот залив ја потврди поддршката за територијалниот интегритет на Мароко

Советот за соработка на Персискиот залив ја потврди својата посветеност да го заштити и надгради партнерството со Мароко, како северноафрикански сојузник.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на земјите од Советот за соработка на Персискиот залив уште еднаш искажаа поддршка на мароканската припадност на Сахара и зачувувањето на безбедноста и стабилноста на северноафриканското кралство и неговиот територијален интегритет.

Според завршната изјава објавена на крајот од 44-от самит на Советот што се одржа во Доха – Катар, Врховниот совет ја потврди важноста на стратешкото партнерство меѓу Советот и Кралството Мароко, при спроведувањето на заедничкиот акциски план и неговите цврсти позиции и одлуки за поддршка на мароканската Сахара, како и заштитата на безбедноста и стабилноста на Кралството Мароко и неговиот територијален интегритет. Пофалена беше и одлуката на Советот за безбедност, Резолуцијата 2703, издадена на 30 октомври 2023 година, во врска со мароканската Сахара.

Во своето коминике Врховниот совет изрази најдлабоко сочувство за жртвите од земјотресот што го погоди Мароко, како и за жртвите од земјотресот што ја погоди јужна Турција и северна Сирија, кои предизвикаа значителни загуби на човечки животи и штети во инфраструктурата. Советот ја потврди поддршката на своите земји членки за жртвите од овие земјотреси, оддавајќи признание на солидарноста и на значајната и обемна улога на овие земји во хуманитарните напори.

Завршната изјава го пофали специјалното стратешко партнерство кое постои меѓу Советот и Мароко, нагласувајќи ја важноста за спроведување на заедничкиот акционен план.

Лидерите на Советот за соработка во Заливот исто така му честитаа на Мароко за одобрувањето на заедничката кандидатура на Кралството, Шпанија и Португалија за домаќини на Светското првенство во 2030 година, од страна на Советот на ФИФА.

Во однос на либиското досие, Врховниот совет го поздрави постигнатиот консензус од страна на заедничкиот комитет (6+6) формиран од либискиот Претставнички дом и Врховниот државен совет за време на неговите состаноци во Кралството Мароко на 6-7 јуни 2023 година, кој се однесува на законите со кои се регулира изборот на шеф на државата и пратениците, како позитивен и конструктивен чекор кон одржување на претседателски и парламентарни избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ