петок, 26 јули 2024

Советот за безбедност на ОН нема да расправа за НАТО бомбардирањето на Југославија

Советот за безбедност на Обединетите нации нема да расправа за НАТО бомбардирањето на СР Југославија бидејќи за предложениот дневен ред не гласале доволен број членки на тоа тело.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На таканареченото процедурално гласање, чија можност денес ја најави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, за дневниот ред гласале три членки на Советот за безбедност, додека останатите 12 биле воздржани. За усвојување се потребни девет гласа.

На почетокот на седницата, закажана на барање на Русија по повод 25-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на Југославија, го одбележа расправата на амбасадорот на Русија и претставникот на Франција, Василиј Небензја и Николас де Ривие, кои изнесоа спротивни ставови за потребата да се расправа за воената агресија од 1999 година.

Де Ривие пред гласањето неколку пати кажа дека Русија ја поднела иницијативата за одржување на седницата без консултации со Србија и дека повеќе членки на Советот за безбедност во изминатите недели „изразиле силна воздржаност“ по повод можноста да се расправа за НАТО бомбардирањето на Југославија.

Тој кажа дека бомбардирањето од 1999 не се однесува на меѓународната безбедност и ја повика Русија расправата за таа тема да ја одржи во неформален формат на состанок на Советот за безбедност, кој не подразбира учество на сите членки на тоа тело.

Небензја кажа дека „НАТО агресијата на Југославија е почната под лажен изговор“, дека „не е врзана за историјата туку и за нешта кои и денес се случуваат на Косово“ и дека затоа е прашање на меѓународната безбедност.

Одржувањето на седницата на Советот за безбедност на ОН, посветена на 25-годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на Југославија, Русија го побара на почетокот на март, а Јапонија како претседавач со телото ја поддржа иницијативата и ја закажа седницата на тема „закани по меѓународниот мир и безбедноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ