петок, 26 јули 2024

Советот за безбедност на ОН ќе се состане на барање на Израел

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане на барање на Израел, во врска со иранскиот ракетен напад.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Советот за безбедност на ОН треба да се состане околу 16 часот, откако израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, побара итна седница од амбасадорот на Малта, кој претседава со Советот за безбедност.

Ердан побара итен состанок на Советот за безбедност со цел недвосмислено да го осуди Иран за „сериозно кршење на меѓународното право“ и да го прогласи Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран за терористичка организација, рече Ердан.

Иранската мисија во ОН во текот на ноќта соопшти дека воена акција против Израел е започната во согласност со член 51 од Повелбата на ОН, како одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск.

„Што се однесува до нас, ова е готово и оваа работа може да се смета за завршена. Ако, од друга страна, режимот во Израел направи следна грешка, одговорот на Иран ќе биде многу посериозен“, велат од Иранската мисија во ОН.

Израел сѐ уште не одлучил за евентуалниот одговор на иранскиот напад, но тоа ќе биде тема на седницата на Воениот кабинет и членовите на израелската влада закажана за 15 часот, објави Тајмс оф Израел.

Техеран, како што јави иранската агенција Фарс, будно го следи Јордан, кој може да биде нова цел во случај на каков било потег за поддршка на Израел.

Јордан претходно објави дека пресретнал неколку ракети кои навлегле во неговиот воздушен простор од правец на Иран.

Сирија, која е сојузник на Иран, соопшти дека го подигнала нивото на подготвеност на својата противвоздушна одбрана околу главниот град и големите воени бази.

Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Велика Британија, Јапонија, Чешка, Данска, Франција, Мексико, Холандија и Норвешка го осудија иранскиот напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ