„Советот за албанско-американски односи е длабоко потресен од веста за разорниот пожар во Кочани, кој трагично им го одзеде животот на многу млади луѓе. Изразуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите и до народот на Македонија во ова исклучително тешко време.
Нашите мисли и молитви се со оние што тагуваат за загубата на своите најблиски, како и со повредените, на кои им посакуваме брзо и целосно закрепнување. Во ова време на национална жалост, солидарни сме со вас. Денес сите сме обединети во тага“, се вели во изјавата на Советот.