сабота, 27 јули 2024

Советот на странски инвеститори го поддржа повлекувањето на предлог-законот за данок на солидарност

Објавено на

часот

Сподели

Како странски инвеститори во Македонија, со големо влијание врз создавањето на БДП, вработувањата и врз извозот, повикуваме на запирање на постапката за донесување на предлогот на Законот за данок на солидарност, бидејќи се носи ад хок во втората половина на деловната 2024 година за оданочување на добивката остварена во 2022 година, велат од ССИ.

„Ваквиот неконзистентен пристап во неговото донесување, со ад хок решенија, создава несигурност кај постојните и кај потенцијалните странски инвеститори во земјава, што манифестира отсуство на политики за нови странски инвестиции, како и отсуство на грижа за веќе постојните инвеститори, за кои од особено значење e одржувањето предвидлив деловен амбиент, долгорочна стабилност и водење стабилни политики, наместо импровизации“, велат од ССИ.

Исто така, Советот препорачува поголема вклученост на клучните чинители – компаниите – во креирањето политики и регулативи кои ќе придонесуваат за поповолно деловно опкружување и за стимулирање подобри економски резултати на компаниите, а со тоа и на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ