„Во овие тешки моменти за српскиот народ, дозволете ни во име на македонскиот Совет на амбасадори да Ви упатиме најдлабоки изрази на сочувство. Со огромен шок и неверица ја примивме веста за огромната трагедија во Белград која што заврши со загуба на млади животи и на образовни работници. Ова е настан без преседан во историјата на целиот регион. Во овие страотни моменти верувајте дека Вашата земја не е осамена и дека целиот Балкан ја дели болката и тагата заедно со граѓаните на Србија и со целото српско општество“, се вели ви телеграмата.
Советот на амбасадори упати телеграма со сочувство до амбасадорката на Србија во Скопје
ТОП ВЕСТИ