понеделник, 3 март 2025

Советникот за безбедност на Трамп за Зеленски: На Украина ѝ е потребен лидер кој ќе може да ја оконча оваа војна

Главниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп Мајкл Волц кажа денес дека Соединетите Американски Држави сакаат лидер на Украина кој е спремен да гарантира траен мир со Русија, но дека не е јасно дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е спремен за тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку дена по вербалниот судир пред камерите во Овалната канцеларија меѓу Трамп, Зеленски и потпретседателот Џеј Ди Венс, советникот на Белата куќа за национална безбедност Волц кажа дека Вашингтон сака да гарантира траен мир меѓу Москва и Киев, кој вклучува територијални отстапки во замена за безбедносни гаранции, а за нив е задолжена Европа.

„Она што го кажувам е дека оваа војна треба да заврши, а тоа ќе бара територијални отстапки. За тоа ќе бидат потребни руски отстапки околу прашањето за безбедносните гаранции“, кажа Волц.

На прашањето за деталите за руските отстапки тој кажа: „Ова очигледно ќе биде некаков вид територијална отстапка за безбедносни гаранции во иднина“, укажувајќи на „безбедносни гаранции предводени од Европа“.

Тој додаде дека за американски безбедносни гаранции „треба да се преговара“.

На прашањето дали Трамп сака Зеленски да поднесе оставка, Волц за Си-ен-ен кажа: Потребен ни е лидер кој може да се носи со нас, а уште повеќе со Русите, и кој може да ја оконча оваа војна“.

„Ако стане очигледно дека личните или политичките мотиви на претседателот Зеленски се разликуваат од целта – окончување на војната во неговата земја – мислам дека имаме реален проблем“, додаде Волц.

И претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот Мајк Џонсон даде до знаење дека на Украина може ќе ѝ треба друг лидер ако Зеленски не ги исполни барањата на САД.

„Нешто мора да се смени, или тој да се вразуми или да се врати на преговарачката маса во знак на благодарност или некој друг треба да ја води земјата во таа насока“, кажа тој.

Состанокот на Трамп и Зеленски во петокот предизвика силни меѓународни тензии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ