среда, 26 март 2025

Советник на Трамп: Украина се согласи да одржи избори (ВИДЕО)

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп Стив Виткоф изјави дека Киев се согласил да организира претседателски избори во Украина, но не понуди никакви детали или докази за да го поткрепи тврдењето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто со поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, емитувано вчера, Виткоф рече дека „ќе има избори во Украина“, додавајќи дека раководството на земјата разурната од војна „се согласило на тоа“.

Администрацијата на Трамп го зголемува притисокот врз Украина да ја принуди да одржи избори среде војна – што во моментов е забрането со украинскиот устав.

Американскиот претседател повеќе пати го опиша Володимир Зеленски како „неизбран диктатор“, тврдење што одговара на наративите поддржани од Русија со кои се настојува да се поткопа легитимитетот на раководството на Украина.

Критичарите предупредуваат дека изборите во воени услови ќе ја изложат Украина на руски обиди за дестабилизација и ќе претставуваат огромен логистички предизвик во земјата која се брани од инвазија од целосен обем.

Во истото интервју Виткоф го коментираше и можното членство на Украина во НАТО, на што Русија силно се противи.

„Ако има мировен договор, Украина не може да биде членка на НАТО. Мислам дека тоа е во голема мера прифатено“, рече Виткоф.

Но, американскиот претставник посочи дека Украина сепак може да има корист од безбедносни гаранции слични на оние што ги уживаат членките на НАТО според членот 5, кој предвидува колективна одбрана во случај на напад на една од членките.

„Мислам дека тоа е отворено за дискусија“, рече Виткоф, без да даде дополнителни детали за тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ