сабота, 27 јули 2024

Советник на Трамп повика на санкции за Хашкиот трибунал поради налогот за апсење на Нетанјаху

Соединетите Американски Држави треба да воведат санкции за претставниците на Меѓународниот кривичен суд во Хаг кои бараат налог за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави главниот советник за надворешна политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп по средбата со израелскиот лидер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделникот, главниот обвинител на МКС во Хаг, Карим Кан, побара од судиите на Меѓународниот кривичен суд да одобрат налози за апсење на тројца лидери на Хамас и двајца израелски лидери за воени злосторства против човештвото извршени за време на седуммесечната војна во Газа.

„Можеме да ги санкционираме банкарските сметки, патувањата. Можеме да ставиме визни ограничувања за овие корумпирани обвинители и судии. Тука можеме да покажеме вистинска храброст“, изјави Роберт О’Брајан за Ројтерс од Ерусалим.

О’Брајан, кој беше четврти и последен советник за национална безбедност на Трамп, зборуваше за Ројтерс по состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други израелски официјални претставници за време на повеќедневната посета на земјата. Покрај Нетанјаху, делегацијата во изминатите денови се сретна и со израелскиот претседател Исак Херцог и министерот за одбрана Јоав Галант.

О’Брајан рече дека спасувањето на сите преостанати заложници што ги држи Хамас и фаќањето на Јахја Синвар, организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври што ја предизвика израелската офанзива во Газа, ќе биде клучно за прогласување победа над милитантната група.

„Мораме да дејствуваме брзо, Израел мора да го победи Хамас во Рафа“, рече тој, додавајќи дека делегацијата што ја предводеше не дошла во Израел по наредба на Трамп.

Покрај средбата со политичките лидери, членовите на делегацијата отпатуваа во области на Израел кои беа цел на нападите на Хамас во октомври, вклучително и местото на музичкиот фестивал Нова и заедницата Нир Оз, и двете во близина на Газа.

За време на интервјуто, О’Брајан ја отфрли оценката на многу американски, палестински и меѓународни претставници дека Израел не прави доволно за да ги заштити животите на цивилите.

„Израелците се однесуваат во согласност со навистина добра традиција на модерна, хуманитарна војска и мислам дека тоа е најголемата предност“, рече О’Брајан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ