недела, 27 октомври 2024

Советничка во општина Карпош добила опасни закани по ќерка ѝ зошто е против изградба на зграда кај Воена болница

Ако не престане да реагира против изградбата на 17-катницата кај Воената болница во Скопје тогаш ќерката ќе и биде силувана, е заканата што советничка во општина Карпош, членка на Иницијативата О2 ја добила неодамна. Ова денеска го обелодени Татјана Чакулев која денеска ја промовираше платформата преку која граѓаните ќе може да пријавуваат корупција во урбанизмот.

Објавено на

часот

Сподели

„Се случија закани. Една од нашите членки доби телефонска закана и ѝ беше кажано да престане да реагира, затоа што ќе и ја силуваат ќерката. Заканите беа пријавени во полиција, но нема исход. Името на кое е регистриран бројот е непостоечко и не може да се открие кое лице било зад заканите“, кажа Чакулев на промоцијата.

О2 Иницијативата жестоко се бори против урбаната мафија. Оттаму преку советниците што ги имаат во Советот на општина Карпош жестоко се спротивставуваат и на изгрдбата на висококатницата во скопски карпош веднаш зад поликлиника Букурешт во близнина на Воената болница кое е прогласена за заштитено подрачје.

Од Иницијативата поднеле претставка до Министерството за транспорт и врски, барајќи министерот Александар Николоски да го поништи градежниот проект.

Организацијата исто така најави дека ќе продолжи со своите активности, освен ако не се постигнат задоволителни резултати.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ