сабота, 27 јули 2024

Сотироски за сквернавењето на манастирот во Тетово: Квази-националистичкиот пубертет треба да се сосече

Еднаш, два пати, три пати. Колку пати треба да се повтори и колку осудувањето навистина вреди, прашува директорот на Комисијата за односи меѓу верски заедници Даријан Сотировски кој го осуди повторното вандализирање на манастирот Св. Атанасиј на тетовското Кале.

Објавено на

часот

Сподели

„Дали оној кој го оштети храмот, денес е посреќен од вчера? Суштината на проблемот е во неказнивоста и во допуштањето одреден неприфатлив однос, тенденција или наратив да тлее долго време.
Тука одговорност има целото општество и сите институции кои таквиот квази-националистички пубертет погласно и поенергично не го потиснуваат и сечат во корен“, напиша Сотировски на својот фејсбук-профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ