Осумте пациенти хоспитализирани во Универзитетската болница и медицинскиот центар Н.И.Пирогов се на механичка вентилација и остануваат на интензивна нега.
Според информациите од болницата во Варна, тројцата пациенти кои се кај нив се во тешка состојба, двајца се на механичка вентилација, а еден користи назална маска за третман со кислород.
„Сериозна, но стабилна, е состојбата на пациентите во Универзитетската болница Свети Георги во Пловдив. Нивното лекување продолжува на интензивна нега“, се наведува во информацијата од Министерството за здравство на Бугарија.
Во Бугарија денеска е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите во Кочани и солидарност со народот во Македонија.
Во повеќе бугарски градови се организирани крводарителски акции за настраданите во пожарот.