По жестоката караница со Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа, игнорирајќи ги прашањата што му ги довикуваа новинарите на англиски, руски и украински јазик, пренесе Би-би-си.
BREAKING:
Zelensky leaves the White House after Trump cancels their meeting following a shouting match in front of the press in the Oval Office pic.twitter.com/ibQl75M4I7
— Visegrád 24 (@visegrad24) February 28, 2025
Веднаш потоа, Трамп на својата платформа Трут сошл објави дека Зеленски „не ги почитуваше Соединетите Американски Држави во самата нивна ценета Овална канцеларија. Тој може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
Трамп го искоментира ова во објава на социјалните мрежи откако го прими Зеленски во Белата куќа, каде што се очекуваше двајцата да потпишат договор со кој Вашингтон ќе добие пристап до природните ресурси на Украина. Предвидената прес-конференција за договорот е откажана, според Белата куќа, по напнатата средба на двајцата претседатели во Овалната соба.
Посетата на Зеленски на Белата куќа беше прекината откако тој влезе во жестока расправија со Трамп и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Трамп го обвини Зеленски за „непочитување“ за време на разговорите во Овалната соба.
„Денеска имавме многу значаен состанок во Белата куќа, напиша Трамп. „Научивме многу работи што никогаш немаше да ги научиме ако немаше ваков разговор под оган и притисок. Неверојатно е она што произлегува од емоциите, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир ако е вклучена Америка, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Јас не сакам предност, сакам МИР. Тој не покажа почит кон Соединетите Американски Држави во нивната ценета Овална канцеларија. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.