„Претходно денес е одржана седница на групата коалициски лидери со учество на претставници на 15 земји. Тие го одобрија планот за „коалицијата на способност“ до 2027. На тој начин земјите партнери можат да продолжат да ѝ пружаат помош на Украина на бојното поле“, кажа Остин.
Како што се наведува во заедничкото соопштение кое го објави Пентагон, сојузниците на Киев планираат да дефинираат како да ги исполнат целите и да ги задоволат воените потреби на Украина, во краткорочна и долгорочна перспектива, преку придонеси, набавки, инвестиции и напори за ширење на одбранбените капацитети.
Во врска со тоа генералниот секретар на НАТО Марк Руте пред седницата изјави дека Северноатлантската алијанса треба да направи сè што е во нејзина моќ за Украина да продолжи да се бори.
„Мораме да направиме сè што е можно за на Украина да ѝ обезбедиме сè што ѝ е потребно – опрема, обука, за да продолжи да се бори“, истакна Руте.
Според него, на седницата е важно да се демонстрира вклученост на сите земји од НАТО во поддршката на Киев.
„Денес, кога зборуваме за Украина, не станува збор само за Украина. Мораме да ѝ овозможиме најповолна позиција за кога на нејзина иницијатива ќе почнат преговорите како да се регулира конфликтот, таа да биде во најповолна позиција, бидејќи, кога ќе завршат преговорите, ќе биде важно како завршиле – со добар или лош резултат за Украина“, кажа Руте.
Доколку Киев не ги заврши преговорите во своја корист, тоа ќе го искористат Кина, Северна Кореја, Иран, тврди тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, во обраќањето на седницата побарал од сојузниците дополнителни противвоздушни системи и распоредување на западен воен контингент на територијата на Украина.
„Бараме итни испораки на системи за противвоздушна одбрана. Франција минатата година изнесе идеја за разместување странски сојузнички контингент во Украина. Ако нашата цел е да најдеме што повеќе средства да ја примораме Русија на мир, сметам дека тоа е најдобрата алатка“, кажал Зеленски.