сабота, 27 јули 2024

Сослушан мажот што го симна црковното и постави албанско знаме на Шапка

Објавено на

часот

Сподели

Како што веќе информиравме, две маскирани лица го симнале знамето на МПЦ од јарболот пред црковниот храм по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово, а настанот бил евидентиран и преку камери за видео надзор.

МВР потоа соопшти дека полициски службеници на СВР Тетово завчеравечер, околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од Мала Речица кој се сомничи дека заедно со Б.Л. од јарболот на манастирот Свети Наум Чудотворец на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ