сабота, 27 јули 2024
Според неофицијални информации тој не е во државава

Соседот кој што украде 7.500 евра од неподвижно девојче и жена болна од рак доби обвинение за кражба

Објавено на

часот

Сподели

Но, за МКД.мк Халид Муратовски неодамна раскажа дека соседот Цановски од нив украл 7.500 евра, а собирал и лажни донации измамувајќи роднини со образложение дека парите се потребни за лекување на мајката на Муратоски.

Оштетениот работел како болничар во Финска за да може да го издржува своето семејство во Македонија, на кое му се потребни поголеми средства за лекови. Во трагичната приказна што ја раскажа за МКД.мк неколку пати повтори дека треба да се внимава кому му се подарува довербата.

„На 22 март 2023 година НККР Струга до ОЈО Струга поднесе кривична пријава против лицето В. Ц. (44) од Струга, со место на живеење во с. Октиси, државјанин на РСМ, за сторено 1 КД „кражба“ по чл.235 од КЗ за направена штета над Т. М. од с. Октиси. На 9 март 2023 година во 19.00 часот во с. Октиси од страна на Полициски службеници од НККР-ИОК при ОВР Струга од ВЦодземени се: 9 банкноти од по 200 евра,  7 банкноти од по 100 евра и 7 банкноти од по 5 евра, кои со потврда се вратени на лицето ТМ.“, велат во одговорот од МВР.

И од Обвинителството за МКД.мк ни потврдија дека е поднесено обвинение за кражба против сторителот и дека обвинителниот предлог е испратен во судот каде се чека да биде закажан датум за судско рочиште. Дали обвинетиот за кого нема никакви мерки за обезбедување на присуство ќе се појави на судење ако биде закажано, останува да видиме.

За сега неофицијалните информации се дека тој заминал за Германија откако против него била отворена постапка овде во Македонија.

„Работам во странство. Имам една сестра што 34 години е со тешка парализа и во количка целосно неподвижна и уште една сестра што работи во Австрија. За неподвижната сестра се грижеше мајка ми, но на мајка ми ѝ беше дијагностициран карцином на белите дробови, кој метастазирал сѐ до мозокот, и беше хоспитализирана на онкологија. Поради тоа веќе немаше кој да се грижи за едната сестра, на која ѝ треба 24-часовна нега. Мојот татко е починат пред неколку години. Некое време се грижеше таа сестра од странство, но потоа ги замоливме соседот и неговата сопруга додека да се вратам јас да се грижат за моите. Сопругата на Верди беспрекорно ги чуваше, но тој нѐ ограби и собирал лажни донации од мои роднини за мојата фамилија. Тие пари ниту ни требале, ниту стасале до нас“, изјави за МКД.мк неодамна Муратоски.

Тој тогаш апелираше до сите негови роднини и граѓани на кои Цаноски им барал пари во вид на донации за неговите мајка и сестра да пријават во полицијата. Дел од парите биле најдени во домот на осомничениот, но нашиот соговорник вели дека поголемиот дел се искоцкани. 

Муратоски му помагал на Цаноски и неговата фамилија, ама на крај кога овој требало да му се најде, буквално му забодел нож во грб и го оставил без пари, кои сега му се потребни за лекови за мајката болна од рак, а ги нема. Вознемирен и во неверување прашуваше како може некој да украде пари од парализирано дете и болна мајка, која се бори со тешката болест. 

„Не можам да поверувам како може човек на кого сте му помогнале и во кого верувате, да ве ограби и измами. Сум работел и заработувал, а сега ги немам ниту парите што беа исплаќани за нега на сестра ми, ниту оние што сум ги праќал. Лековите за болеста на мојата мајка се скапи, а јас не можам да ги купам бидејќи соседот нѐ ограби. Како може некој да земе пари од неподвижно дете и болна жена?“, вознемирено праша тогаш Муратоски.

Сега обвинетиот сосед отклучил без да биде забележан, ги нашол и ги украл парите. Оштетеното семејство по настанот ги сменило сите брави на куќата, на која поставија и камери.

                                                                                                                                                     К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ