сабота, 27 јули 2024

Сорос ѝ предвиде немири, полициска држава и класна војна на Америка

Објавено на

часот

Сподели

81-годишниот Сорос во почетокот на 1990-тите се обложи против британската фунта и заработи 1 милијарда долари на нејзиниот крах. Тој со донации помогна и во опстанокот на Википедија, а го финансираше и Едбастерс, канадското антикапиталистичко списание што ги промовираше Окупирај го Вол Стрит. Тој во неодамнешното интервју за списанието Њузвик не зборуваше за своите успеси во минатото, туку се обиде да предупреди дека на Западот му следува „лош“ период.

„Јас не сум тука да ве тешам. Ситуацијата е сериозна и можеби најкомплицирана досега“, изјави Сорос. „Ни претстои екстремно тежок период, кој може на многу начини да се споредува со 1930-тите, со Големата депресија. Сега се соочуваме со дефанзивен економски став на развиениот свет, што се заканува да ни донесе цела деценија на стагнација, ако не и подолго. Најдоброто сценарио е состојба на дефлација. Најлошото сценарио е колапс на финансискиот систем“.

Сорос дури ја спореди сегашната состојба на Западот со она што му се случуваше на Советскиот Сојуз по падот на комунизмот. Иако тој смета дека историјата требала да нè научи по нешто за следење на трендовите, и покрај тоа што настаните од минатото даваат совршен пример за тоа што следува, крајот на империјата се чини неизбежен.

„Колапсот на советскиот систем беше извонреден настан, а нам сега ни се случува нешто слично, без целосно да сфатиме што точно се случува“, додава Сорос.

Сорос продолжува со предвидувањата дека кризата во еврозоната ќе продолжи да се влошува, а американскиот финансиски систем ќе трпи силни удари. Пред целосниот колапс, предупредува тој, Американците би требало да очекуваат дека општеството ќе се однесува во согласност со условите. На улиците ќе има немири и како резултат на тоа „ќе се добие изговор да се употреби сила да се одржат редот и мирот, што може да доведе до репресивен политички систем кога индивидуалните слободи ќе бидат далеку поограничени, што ќе значи крај на САД вакви какви што ги знаеме. И тогаш сè е можно“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ