среда, 23 октомври 2024

Соработниците на Навални сè уште проверуваат дали политичарот навистина умрел

Кира Јармиш, прес-секретарка на затворениот руски опозициски лидер Навални, на социјалната медиумска платформа Икс вели дека не можела да ја потврди неговата смрт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соработниците на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални велат дека сè уште немаат потврда за информациите дека политичарот починал во затвор.

„Федералната казнена служба (ФСИН) за автономниот регион Јамало-Ненец ја шири веста за смртта на Алексеј Навални во поправниот дом бр. 3. Во моментов немаме потврда за тоа. Адвокатот на Алексеј сега лета кон Карп. Штом ќе имаме некоја информација, ќе ја споделиме“, рече таа.

Навални почина во колонијата на арктичкиот затвор каде што отслужуваше 19-годишна казна, се вели во соопштението на руската федерална казнено-поправна служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ